РЕКЕТ е друштвена игра со карти. Целта во играта е да изградите 3 различни индустрии и соберете 10 милиони евра, а со тоа станувате најголемиот македонски могул.

Image

ИГРА

За почеток, измешајте ги картите и најмалиот нека подели по 5 карти на секој играч. Следниот играч во правец на часовникот е прв и влече две карти. Играчот може да игра 0-3 карти. Ако играчот има повеќе од 7 карти на крајот на неговиот потег, мора да отстрани некои од нив и да ги стави во центарот на масата (не ги игра).

КРУГ

  1. Влечи 2 карти
  2. Играј до 3 карти (1 акција)
  3. На крајот од твојот ред имаш максимум 7 карти
  4. Следниот играч во правец на часовниокот е следен

ПОТЕЗИ

Секој може да игра максимум 3 карти. Потезите може да се комбинираат со различен редослед. На секој круг играчот има право само на една АКЦИЈА.

ПОБЕДА

Победа на партијата

Првиот играч кои ќе ги исполни двата услови истовремено е победник на партијата.

  1. Изгради 3 различни индустрии (3 комплети од бизниси)
  2. Собери минимум 10 милиони во банката

Победа на играта (повеќе партии)

Се запишуваат милионите кои победникот ги има во банката при завршувањето на партијата. Првиот играч кој ќе собере вкупно 47 милиони се прогласува најголем македонски могул.

КАРТИ

РЕКЕТ се состои од 96 карти

reket-7
1
2
3
4
5
10
krazhba
rek
tat
fativrski

БИЗНИСИ

Бизнисите се картички кои се неопходни за да победите. Бизнисите од иста индустрија имаат иста боја и се групираат заедно. За играчот да ги стави во функција бизнисите, мора да ги изгради, односно да ги отвори на масата. Од тој момент тој може да наплаќа РЕКЕТ со картичките од соодветната боја, но може и да ги изгуби доколку се случи кражба, трампа или слична ситуација.

rek
galeb

ДИВОГРАДБИ

tat
transkop

Дивоградбите се картички кои заменуваат легитимен бизнис и може да се играат на една од двете бои. Дивоградбата изградена сама или врз друга дивоградба не е функционална додека не се искомбинира со легитимен бизнис.

РЕКЕТ

РЕКЕТ се картички кои може да се користат за наплата преку изградените бизниси од таа боја. Сумата зависи од бројот на бизниси кои играчот ги има изградено на масата и е напишана на самите картички. Постојат дво-бојни и виножито рекети кои може да се играат на било која боја. Во текот на неговиот ред играчот може да игра повеќе РЕКЕТИ еден по друг. РЕКЕТ картичката може да се комбинира со ДУПЛИ РЕКЕТ или КОРУПЦИЈА доколку играчот има доволно потези.

reket-7
reket

Пример: РЕКЕТ на сини па РЕКЕТ на црвени со ДУПЛИ РЕКЕТ (вкупно три карти од кои една акција)

АКЦИИ

fativrski
manituzhba
krazhba
tender
trampa

Акциските карти во „РЕКЕТ“ нудат тактички опции за напади, одбрани и манипулации со имоти. Секој играч има право да игра само една акција при неговиот ред. Исклучок на тоа е акцијата ФАТИ ВРСКИ која се користи за одбрана во било кој момент. Акциите можат да станат платежно средство доколку се инвестираат во банката.

ПАРИ

Пари се карти на кои е запишана вредност во милиони евра и се неопходни за победа на играта (10 милиони). Тие се и главно платежно средство за РЕКЕТ, тужби и други непредвидени трошоци. Парите кои сеуште се во раката на играчот не може да се користат како платежно средство и истите треба прво да се инвестират во БАНКАТА

1
2
3
4
5
10

БАНКА

Секој играч има своја банка во која ги чува парите. Банката се наоѓа на десната страна пред играчот.

ВЛОЖУВАЊЕ НА ПАРИ

Играчот може да вложува пари во Банката кои подоцна ќе ги користи за плаќање на долгови и други трошоци

ВЛОЖУВАЊЕ НА АКЦИИ

Доколку играчот не сака да изведе одредена акција, може да ја вложи во банката и од тој момент таа се користи како платежно средство.

ВЛОЖУВАЊЕ НА БИЗНИСИ/ДИВОГРАДБИ

Не е дозволено и истите мораат да бидат изградени.

ДОЛГОВИ

Секој ликвиден играч е должен да ги плати своите долгови. Кусур не се враќа. Исплатата на долговите може да се врши од банка, преку тендери или веќе отворени бизниси.

СТЕЧАЈ

Доколку играчот нема ништо на свое име (бизниси, пари, акции) тој оди во стечај и е ослободен од долгови. Ако играчот во стечај остане со 1 или 0 карти на крајот од својот круг, на следниот круг ќе влече 5 карти за да се врати во играта.

ДОПОЛНИТЕЛНО

Плаќање на долгови

  • Играчот може да плати со средства од банката, или изградени бизниси, дивоградби и тендери.
  • Пари од раката не можат да се користат за плаќање, тие мора прво да се вложат во банката.
  • Дивоградбите не можат да се користат за наплата на рекет освен ако не се комбинирани со легитимен бизнис.
  • Акциските карти во банката се претвораат во платежно средство и не можат повторно да се играат како акција.
  • Ако играчот го предаде тендерот како дел од плаќање на долг, противникот може да го постави на своите бизниси и веднаш да го стави во функција.

Преместување на карти

  • Дивоградбите може да се преместуваат само ако останат сами или се заменат со легитимен бизнис.
  • Тендерот не може да се преместува од еден на друг бизнис.
  • Картите може да се преместуваат само на почеток на кругот или веднаш после трансфер од еден на друг играч

Фати врски

  • Оваа картичка може да се игра во било кој момент за да блокира напад или наплата на рекет.
  • Играчите можат да блокираат само една акција/наплата со една „Фати Врски“. За секој следен напад треба да искористат дополнитена картичка.

Тендер

Плаќање со тендер:

  • Тендерот кој е веќе отворен на масата може да биде искористен како платежно средство. Ако играчот го предаде тендерот како дел од плаќање на долг, противникот може да го постави на своите бизниси и веднаш да го стави во функција.

Преместување на тендер:

  • Играчот не смее да го преместува тендерот од едни на други бизниси.